• Да барате пристап до вашите лични податоци што ние ги чуваме. Ве потсетуваме дека ако сте
регистриран корисник на Платформата, овие информации можете да ги погледнете во
соодветниот дел од вашиот интернет профил.
• Да побарате да ги поправиме личните податоци што ги чуваме. Имајте предвид дека ако сте
регистриран корисник на Платформата, може исто така да пристапите до соодветниот дел за
лични податоци на вашиот интернет профил за да ги промените или ажурирате вашите лични
податоци. Во секој случај, имајте предвид дека со активно споделување на вашите лични
податоци со нас преку која било постапка, вие гарантирате дека тие се вистинити и точни и се
обврзувате да нè известите за секоја промена на вашите податоци. Вие ќе бидете одговорни за
каква било загуба или штета предизвикана на Платформата или на одговорното лице за
Платформата или на трето лице, со давање погрешни, неточни или нецелосни информации во
обрасците за регистрација. Запомнете дека, како општо правило, вие мора да ни ги доставите
само вашите лични податоци, а не податоци на трети лица, освен до онаа мерка што е дозволена
во оваа Политика за приватност.
• Да побарате да ги избришеме вашите лични податоци до степен до кој тие веќе не се неопходни
за целите за кои треба да ги обработуваме, како што објаснивме погоре, или кога веќе законски
не ни е дозволено да ги обработуваме.
• Да побарате да го откажеме или ограничиме обработувањето на вашите лични податоци, што
подразбира дека во одредени случаи, може да побарате од нас времено да ја прекинеме
обработката на податоците или да ги задржиме подолго од потребното.
Ако ни дадовте согласност за обработка на вашите податоци за која било цел, исто така имате право да
ја повлечете таквата согласност во секое време. Некои од околностите во кои може да ја повлечете
вашата согласност се детално наведени во делот 2 каде што објаснивме за кои цели ги обработуваме
вашите податоци.
Доколку не сакате да им испраќаме информации на трети страни за да ви прикажуваат реклами, може да го
сторите тоа на неколку начини, како на пример со промена на преференциите на вашиот уред, промена на
преференциите на вашиот пребарувач и/или нагодувањата за колачиња, прегледување на политиките за
приватност и нагодувањата на социјалните мрежи на кои имате профили или преку праќање е-пошта до нас
на погоре наведената адреса за е-пошта информирајќи нѐ за вашето барање. .
Кога законски ни е дозволено да ги обработуваме вашите податоци поради вашата согласност или за
целите на одреден договор, како што е објаснето во дел 3, исто така ќе имате право да барате
преносливост на вашите лични податоци. Тоа значи дека ќе имате право да ги добивате личните
податоци што сте ни ги доставиле, во структуриран, вообичаено користен и машински читлив формат, за да
можете да ги пренесувате на друг субјект директно, без пречки од наша страна.
Покрај тоа, кога обработката на вашите податоци се заснова на нашиот легитимен интерес, исто така ќе
имате право да се спротивставите на обработката на вашите податоци.
Конечно, ве известуваме дека имате право да поднесете жалба пред одговорниот регулаторен орган за
заштита на податоци, особено пред:
- Шпанските власти за заштита на податоци:
(https://www.agpd.es/portalwebAGPD/index-ides-idphp.php),
- властите на земјата каде што се наоѓа компанијата за малопродажба: Дирекција за заштита на лични
податоци (Бул. „Гоце Делчев“ 18, 1000 Скопје, Република Северна Македонија).